Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Брисел изјави дека отфрла „ултиматуми и уцени“ во Европската унија. Неговата изјава уследи по притисокот од кредиторите да прифати договор за да се избегне банкрот на Грција. Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел го повика Ципрас да ја прифати дарежливата понуда од кредиторите потенцирајќи дека сега Атина е на ред да направи чекор.
– Европските принципи не се засноваат на ултиматуми и уцени. Посебно во овие исклучително важни часови никој нема право да ги поставува во опасност тие принципи, изјави Ципрас.
Во документите од преговорите се наведува дека европските кредитиори и предлагаат на Грција 12 милијарди евра помош до крајот на ноември, под услов Атина да се согласи за серија реформи и буџетски мерки. Европските кредитори предлагаат продолжување на преговорите за програмата за спас од банкрот за пет месеци и се подготвени да и доделат уште 12 милијарди евра на Грција, која ќе добие уште 3,5 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд. Кредиторите се подготвени да и дадат на Атина 1,8 милијарди евра веднаш откако грчкиот Парламент ќе го верификува договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


