Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, смета дека и за Британија и за ЕУ ќе биде катастрофа доколку Обединетото Кралство одлучи да ја напушти Европската унија.
– Ќе биде катастрофа не само за Британија, туку и за Европа. Затоа ние ќе го избегнеме тоа – изјави Шојбле денеска.
Според германскиот министер, сега одлуката е на Британија, а Германија ќе се обиде да помогне Лондон да остане во ЕУ. Според најавите од Британија, планот на премиерот Дејвид Камерон е да ги ревидира односите на неговата земја со ЕУ, а потоа да одржи референдум дали Лондон, кој се смета за најголем финансиски центар на континентот, ќе остане во Унијата. Во врска со Грција , Шојбле смета дека има 50 отсто можност Атина да остане во еврозоната, но тој не прецизираше дали и излезот на оваа зејма ќе значи катастрофа за ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.