| четврток, 6 декември 2018 |

Масимо Савиќ: Без проби во гаража нема успех

Jaс сум не­кој, мо­же­би од ста­ро­мо­ден ков, кој сме­та де­ка ви­стин­ски­от пат е га­ра­жа, про­би, про­би, про­би, про­би, па ду­ри по­тоа да се по­ка­же што се знае, a „Икс-фа­ктор“, се­пак, е са­мо ТВ-шоу што се хра­ни со емо­ци­и­те на тие што се на­ви­сти­на до­бри, а ис­па­ѓа­ат

По­не­ко­гаш му­зи­ка­та на еден из­ве­ду­вач и не е прав по­ка­за­тел на не­го­ва­та лич­ност. Во слу­ча­јот со Ма­си­мо Са­виќ, за­поз­на­ва­ње­то на не­го­ва­та лич­ност и над­вор од кон­церт­на­та са­ла или ви­де­ос­пот, при­до­не­се за по­го­ле­ми сим­па­тии кон не­го.Вто­ра­та се­зо­на на „Икс-фа­ктор“ не до­не­се не­кој со икс-фа­ктор, не­кој за ко­го це­ли­от ре­ги­он би се сог­ла­сил де­ка има не­што, ка­ко што ла­ни тоа бе­ше по­бед­ни­кот Да­ни­ел Кај­ма­ко­ски. Но, за­тоа, пак, си­те се при­јат­но из­не­на­де­ни од Ма­си­мо, кој ка­ко дел од жи­ри­то оста­ви по­се­бен пе­чат на вто­ра­та се­зо­на.

 

Masimo-Savic-scena146-2

Вие сте ви­стин­ско осве­жу­ва­ње и, ба­рем спо­ред ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка, нај­до­бра­та ра­бо­та што ѝ се слу­чи на вто­ра­та се­зо­на на „Икс-фа­ктор“. Ка­ко Вие го до­жи­ву­ва­те ова нат­пре­ва­ру­ва­ње? Да­ли е тоа што го оче­ку­ва­вте? Во кој дел ужи­ва­те најм­но­гу?
Ма­си­мо: Бла­го­да­рам на комп­ли­мен­ти­те. Се­ко­гаш сум из­не­на­ден ко­га не­кој ќе ме по­фа­ли би­деј­ќи по­сто­ја­но се мис­лам да­ли сум до­вол­но до­бар и ин­те­ре­сен, ба­рем ко­га ста­ну­ва збор за мо­ја­та уло­га во „Икс-фа­ктор“. Најм­но­гу ужи­вам во фа­ктот де­ка она што ние го гле­да­ме и го слу­ша­ме во те­кот на еми­ту­ва­ње­то и она што пуб­ли­ка­та го до­би­ва ка­ко впе­ча­ток е ди­ја­ме­трал­но спро­тив­но.

 

Сме­та­те ли де­ка ова е ви­стин­ски­от на­чин за откри­ва­ње но­ви та­лен­ти?
Ма­си­мо: Во не­кои слу­чаи мо­же и да за­па­ли. Но, јас сум не­кој, мо­же­би од ста­ро­мо­ден ков, кој сме­та де­ка ви­стин­ски­от пат е га­ра­жа, про­би, про­би, про­би, про­би, па ду­ри по­тоа по­ка­жи што зна­еш, имаш бенд зад се­бе, кој ди­ше со те­бе, чиј­што звук е жив, бли­зок, при­ро­ден… „Икс-фа­ктор“, се­пак, е са­мо ТВ-шоу што се хра­ни со емо­ци­и­те на тие што се на­ви­сти­на до­бри, а ис­па­ѓа­ат. За­тоа што, ако исфр­ли­те не­кој за ко­го си­те оче­ку­ва­ат де­ка ќе из­ле­зи, ка­де е ту­ка из­не­на­ду­ва­ње­то, ка­де е ту­ка шо­кот…

 

Пред по­че­то­кот на „Икс-фа­ктор“ ре­ко­вте де­ка ед­вај че­ка­те да ви­ди­те да­ли по­сто­јат лу­ѓе што се во со­стој­ба ова шоу и сѐ што оди со не­го да го под­не­сат на ви­стин­ски на­чин. По­стои ли не­кој та­ков кан­ди­дат?
Ма­си­мо: Мис­лам де­ка тоа е Aмел, еден мно­гу зрел и па­ме­тен кан­ди­дат. Во рам­ки­те на „Икс-фа­ктор“ не­го­ва­та лич­ност е од го­ле­мо зна­че­ње. Се­пак, по­вто­ру­вам, ви­стин­ски­те вред­но­сти ле­жат во до­бри­те пес­ни, кои ста­ну­ва­ат ва­ша­та лич­на кар­та. Са­мо то­гаш мо­же­ме да збо­ру­ва­ме за т.н. ус­пех.

 

Мо­же­би не тол­ку во Хр­ват­ска, ка­де што Вие и дел од ва­ши­те ко­ле­ги сѐ уште др­жи­те не­кој по­ви­сок стан­дард што се од­не­су­ва на му­зи­ка­та, но во оста­на­ти­от дел на Бал­ка­нот, ре­ал­но, сце­на­та за­ми­на во не­кој со­се­ма друг пра­вец. Ка­ква е ид­ни­на­та спо­ред Вас?
Ма­си­мо: На­ви­сти­на сум горд на сво­ја­та зем­ја! Хр­ват­ска е ед­на од нај­сре­де­ни­те европ­ски зем­ји, што се од­не­су­ва на автор­ски­те пра­ва и на пра­ва­та на из­ве­ду­ва­чи­те. Но, кол­ку е Хр­ват­ска до­бра гле­да­те ду­ри ко­га ќе ги спо­ре­ди­те хр­ват­ски­те до­стиг­ну­ва­ња со до­стиг­ну­ва­ња­та во ре­ша­ва­ње на автор­ски­те и пра­ва­та на из­ве­ду­ва­чи­те во Ср­би­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Бос­на итн.

Masimo-Savic-scena146-3

Кол­ку е те­шко да се из­ве­ду­ва ту­ѓа пес­на? Да­ли на кан­ди­да­ти­те им е по­лес­но ва­ка, со поз­на­ти пес­ни или, се­пак, им тре­ба­ат пес­ни спо­ред нив­ни­от сен­зи­би­ли­тет?
Ма­си­мо: Aко се из­ве­ду­ва ка­ко што тре­ба, нај­те­шко е да се из­ве­ду­ва ком­по­зи­ци­ја во ко­ја не­кој ве­ќе дал свој ли­чен пе­чат. Че­сто им ка­жу­вам на кан­ди­да­ти­те, до­кол­ку се слу­чи фан­та­стич­на ре­ак­ци­ја на пуб­ли­ка­та, де­ка са­ми­от ква­ли­тет на ком­по­зи­ци­ја­та ја кре­нал пуб­ли­ка­та на но­зе, а не са­мо из­вед­ба­та. На при­мер, ако Маг­да­ле­на ја из­ве­ду­ва пес­на­та „Black Velvet“, без ог­лед кол­ку до­бро ќе ја от­пее, таа пес­на ве­ќе са­ма по се­бе но­си из­вес­на те­жи­на.

 

Во ед­на при­го­да из­ја­ви­вте де­ка сте има­ле и пес­ни во кои не сте ве­ру­ва­ле до крај, но ко­га во ед­на пес­на ќе ја вне­се­те це­ла­та ва­ша вер­ба, таа, се­пак, мо­же да ја до­пре пуб­ли­ка­та. Сме­та­те ли де­ка из­ве­ду­ва­чот е тој што ја пра­ви пес­на­та?
Ма­си­мо: По­сто­јат пес­ни што на по­че­то­кот ме од­би­ва­ле, но по­доц­на ста­наа го­ле­ми хи­то­ви. Тоа е нор­мал­но би­деј­ќи ако си нор­мал­на лич­ност, се­ко­гаш во дла­бо­чи­на­та на мис­ли­те ти стои пра­ша­ње­то: да­ли сум до­вол­но до­бар, ин­те­ре­сен и ќе го да­де ли пес­на­та ре­зул­та­тот што се оче­ку­ва од неа.

 

Пла­ни­ра­те ли на­ско­ро по­втор­но да дој­де­те во Ма­ке­до­ни­ја? Мис­лам де­ка на Ва­ши­от пос­ле­ден кон­церт во Скоп­је Ви да­дов­ме мно­гу до­бри при­чи­ни да се вра­ти­те.
Ма­си­мо: На­ста­пи­те во Ма­ке­до­ни­ја се се­ко­гаш уба­ви и пре­пол­ни со ме­ѓу­себ­но раз­би­ра­ње. На пос­лед­ни­от кон­церт во Уни­вер­зал­на са­ла имав чув­ство де­ка во пуб­ли­ка­та се­дат мои ко­ле­ги, а не пуб­ли­ка. Мис­лам де­ка тоа е до­во­лен по­ка­за­тел за тоа кол­ку Ма­ке­дон­ци­те го по­чи­ту­ва­ат вку­сот.

 

Кои се Ва­ши­те след­ни пла­но­ви?
Ма­си­мо: Освен на­ста­пи­те со мо­ја­та гру­па низ ре­ги­о­нов, на 4 ју­ли имам мно­гу ва­жен кон­церт со За­греп­ска­та фил­хар­мо­ни­ја во Ро­вињ, а тоа е по­вр­за­но со мо­и­те кон­цер­ти низ це­ло­то крај­бреж­је.

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 146. број на неделникот „Република“, 19.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top