Едно лице е убиено, а неколку се повредени во наводен џихадистички напад во фабрика за гас во Сен Кантен Фалавиен, во близина на францускиот град Лион. Малку подоцна е уапсен маж, за кого се претпоставува дека е извршител или еден од извршителите на нападот, остварен шест месеци по крвавите напади со 17 жртви во јануари во Париз, посочуваат извори блиски до истрагата.
Според првичните информации, на местото е пронајден обезглавен труп, а две лица се полесно повредени, изјави извор близок до истрагата.
– Нема сомневање за терористичкиот карактер на атентатот, откако беа пронајдени натписи на отсечената главата – изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој притоа даде повеќе детали за нападот.
– Автомобил возен од едно лице, можеби придружувано од друго со голема брзина упаднало во фабриката класирана САВЕСО (класирана како чувствителна фабрика, со оглед дека проиведува и чува експлозивни и запалливи материи). За нивната намера нема сомневања: предизвикување на експлозија од терористички карактер – рече Оланд.
Тој не сака да се попушти на стравот и да се создаваат непотребни поделби.
– На европскиот самит ми беше изразена солидарност. Секој се сеќава што се случи во јануари. Но само емоциите не можат да бидат единствениот одговор. Тоа е акцијата, превенцијата, потребата да се носат вредностите, да не се попушта пред стравот и да не се создаваат непотребни поделби, нагласи францускиот претседател.
Претседателот Франсоа Оланд кој го напушти Европскиот самит во Брисел порано, за попладнево во 15 часот има закажано Советот за безбедност во Елисејската палата.
Атенантот во фабриката во Сант Кантан Фалавие на југот од Лион е уште еден терористички напад во Франција, во кој најмалку едно лице загина, а повеќе беа повредени.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, во фабриката најпрво одекнала силна експлозија по 9 часот и 30 минути, според сведоштвата, а напаѓачот носел исламистичко знаме, јавија повеќе француските медиуми.
Според најновите елементи, еден автомобил со две лица во него директно возел кон складираните боци со гас на влезот од фабриката. Веднаш дошло до експлозија. Потоа едно лице влегло во зградата со исламистичко знаме во раката. Според француските власти нема ризици од труења по експлозијата.
Локалниот весник „Дофине либере“ јави дека маж, кој не е вработен во фабриката, бил најден обезглавен, а на местото било најдено исламистичко знаме. Главата на жртвата била најдена како виси на фабричката ограда. Според изврото на весникот сè уште не е познато дали телото било пренесено тука или не“. Според истиот извор имало и знаме со арапски натписи кое беше најдено на самото место“.
Фабриката е во сопственост на компанијата „Ер продукт“, која се занимава со производство на резервоари за гас и таа е класирана како чувствителна фабрика, со оглед дека проиведува и чува експлозивни и запалливи материи.
На интернет се појави неточна слика на наводниот терорист, оваа фотографија е идентификувана дека му припаѓа на еден Албанец убиен во Сирија.
Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казенев, веднаш се упати на местото на нападот, исто како и премиерот Мануел Валс повика на поголема внимателност, а во целиот регион се засилени антитерористичките мерки.
Претседателката на Националнито Фронт Марин Ле Пен бара одлучни и силни мерки, кои треба да бидат донесени веднаш, за да се срамни исламизмот.
– Големите декларации треба да прекинат. Маршевите и слоганите и комуникацијата на чувства треба да им остави мести на акцијата. Ништо не е направено од пред години протоц исламистичкиот фундаменатлизам, вели претседатлеката на НФ. За пратеникот од и градоначалник од Бордо, терориостичката закана е максимална.
Терористичкиот напад следува по шест месеци откако исламисти убија 12 новинари во канцеларијата на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“ во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.