Вечерва во Куршумли-ан, од 20.30 часот почнува церемонијата на затворање на фестивалот на документарен филм „Македокс“, кога меѓународните жирија ќе ги доделат наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Кокарче“ и Наградата за етички идеи.
Во 21 часот ќе се одржи проекцијата на филмот „Танцувајќи со Марија“, а веднаш потоа ќе има изведба на музиката од филмот во живо со композиторот Лука Циут.
„Танцувајќи со Марија“ е италијанско-аргентинска-словенечка продукција, во режија на Хана Полак. Филмот е приказна за Марија Фукс, страсна танчарка од Аргентина, која им ги пренесува знаењето и страста на своите ученици, помагајќи му секому да ги надмине сопствените ограничувања, макар биле физички или умствени. По самата проекција, музиката од филмот „Танцувајќи со Марија“ ќе биде изведена во живо, во Куршумли-ан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Студентската програма на „МакеДокс 9“
-
Избрани четири нови идеи за снимање документарен филм во рамки на проектот „Докуникулци“