„Приказна во песна“ е концертот што Ансамблот на народни песни и игри „Танец“ ќе го одржи вечерва, во 21 часот, во „Сули-ан“, во рамките на фестивалот „Скопско лето“.
Репертоарот го сочинуваат најубавите игри и песни, како што се „Невестинското“, „Тешкото“, „Комитско“, „Чифте-чамче“, „Осоговка“ и многу други бисери на македонското народно творештво.
„Танец“ веќе шест децении претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално наследство и еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.