| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија и Франција ја преживеаја четврт-финалната драма на ЕП

Hungary Eurobasket Women 2015

Репрезентациите на Франција и на Шпанија ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Европското првенство во кошарка за жени што се одржува во Унгарија.

Двете селекции успешно ја преживеаја четврт-финалната драма и во неизвесни мечеви ги победија селекциите на Црна Гора, односно Русија.

Шпанските кошаркарки славеа со 75-74, а два поени повеќе имаше на дуелот меѓу Франција и Русија, кој го добија „триколорките“ со 77-74.

Во првото полуфинале денеска ќе играат Србија и Белорусија од 18 часот, а од 20.30 часот Франција и Шпанија ќе атакуваат на финале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top