| четврток, 6 декември 2018 |

Минесота го доби Таунс како прв избор на драфтот

Минесота тимбервулфс го одбра Карл Ентони Таунс како прв избор на драфтот во НБА лигата. Таунс досега беше член на Универзитетот Кентаки. Втори бираа Лејкерс, а во Лос Анџелес замина Д`Анџело Расел, додека третиот пик е на Филаделфија, екипа што одлучи да го земе кај себе Џејхил Окафор. Њујорк никс како четврти избор на драфтот го доби Летонецот Кристапс Порзингис, а Хрватот Марио Хезоња ја заокружи петката. Тој е петтиот пик и ќе игра за Орландо во иднина.

karl

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top