Министерството за земјоделство, шумарство и за водостопанство денеска треба да презентира мерки што ќе се преземат за производителите на градинарски производи.
Со цел да се надминат проблемите што ги имаат со пласманот на своите производи, ресорниот министер Михаил Цветков, заменик-министерот за економија Христијан Делев и директорката на Агенцијата за финасиска помош, Билјана Вуковиќ вчера имаа средба со производителите на градинарски производи од штипскиот, карбинскиот и светиниколскиот регион.
Министерот Цветков посочи дека проблемот со пласманот на македонските домати е во тоа што сезоната за производство задоцнила за 20 дена, поради лошите временски услови, и токму и поради тоа има и голема конкурекција на производството во земјите каде што извезуваме како земја.
Директорката Вуковиќ информира дека Агенцијата за финансиска помош на земјоделство ќе преземе две мерки за хиперпроизвоидството на домати, со што на македонските производители ќе им се помогне.
– Тоа е мерката техничка помош со која ќе се поддржат извозниците на домати, а втората мерка е наменета за производителите на домати, која ќе оди преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно ќе се субвенционираат производителите на домати дополнително од тоа што веќе им следува, по хектар производство, без оглед дали се произведени на отворено или во стакленици – вели Вуковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Тренов: СДС и Заев не го исполнија ниту едно ветување кон земјоделците
-
Ведрана е најзгодната фармерка на Балканот: Најубаво ми е кога возам трактор (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се соочуваат