Улицата „Јордан Мијалков“, поранешна „Железничка“, од денеска до понеделник ќе биде затворена за сообраќај поради финално асфалтирање на коловозот.
Прекинот е на делницата од улицата „Герман“ до улицата „Павел Шатев“, поранешна „Бихаќка“, а ќе трае од 8 часот денеска до понеделник, во 7 часот и 30 минути.
За време на градежните активности сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Македонија“
Град Скопје апелира сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници, или други овластени службени лица, како и на времено поставениот режим за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.