| четврток, 6 декември 2018 |

Амнести интернешенел предупредува на хуманитарна криза во Грција

сирија

Порастот на бројот на бегалци кои пристигнуваат на Егејските острови е оптоварување за и онака нарушениот систем на прием на мигранти и одраз на неуспехот на европските лидери на соодветен начин да ја решат бегалската криза, предупреди Амнести интернешенел пред денешниот самит на ЕУ.

Секој месец, хуманитарната криза, подгреана со финансиската криза во Грција, дополнително се влошува, се наведува во извештајот на оваа организација за човекови права.

Лошото планирање, неефикасната употреба на ЕУ фондови и кризата на вработување ги оставија грчките власти неспособни да ги исполнат потребите и да ги заштитат правата на бегалците, наведува АИ.

– Десетици илјади луѓе од чувствителни категории, кои веќе тргнуваат на опасно патување по море, за да побегнат од војна и сиромаштија, пристигнуваат на овие острови, за да ги дочека систем на поддршка кој е на колена – се наведува во извештајот на АИ.

Поголем дел од имигрантите имаат ограничен пристап до медицинска и хуманитарна помош, а често се принудени да останат во пренатрупаните притворски центри или кампови, рече Џон Далхуисен, директор на АИ за Европа и Централна Азија.

– Хуманитарната криза во Егејското Море не е само грчка трагедија, туку и производ на неуспешен европски имиграциски систем – вели тој.

Истражувањето на АИ открива дека најмалку 61.474 бегалци пристигнале на грчките острови во периодот меѓу 1 јануари и 22 јуни 2015, далеку повеќе отоколку за цела 2014, кога тој број изнесуваше 43.500.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top