| четврток, 6 декември 2018 |

Oваа сабота „Партибрејкерс“ во Битола

Во Битола денеска почна најновото издание на фестивалот „Битола отворен град“ кое од 2002 година, континуирано го организира Младински културен центар-Битола.
Реализацијата на програмата почна со музичка интерактивна работилница која се одржа пред Домот на АРМ, а која ја модерираа музичарите Зоки Конга и Александар Јинациќ. Продолжува утре со меѓународна филмска ревија на која ќе бидат проектирани филмови на автори од Чиле, Шпанија, Молдавија, Кипар, Иран, Италија, Србија. Бугарија и Македонија, а централниот настан ќе се одржи в сабота навечер кога ќе настапи познатата белградска група „Партибрејкерс“.
– Програмата што ја нудиме, но и со целата атмосфера и позитивна енергија ќе дадеме поттик на претстојното битолско културно лето. Очекуваме бројна публика од градот и регионот затоа што го потврдивме квалитетот на ова културно збиднување со изминатите 13 фестивалски изданија. Секогаш имавме гости од цел свет, организиравме волонтерски кампови и го оправдавме предзнакот меѓународен фестивал – истакна Сашо Додовски, директор на МКЦ-Битола.
Меѓународниот фестивал „Битола отворен град“ е поддржан од повеќе македонски компании и од општина Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top