Падна седумка на Ново лото 7/34. Педесеттото коло кое се реализираше вчера, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ „Сител“ на среќниот добитник му донесе 125.000 евра, соопштија од Државната лотарија на Македониија.
Ова е третата седумка во 2015, а 11-та од почетокот на приредување на играта на среќа Ново лото 7/34.
Седумката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се осум комбинации, од кои добитна е шестата со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место „Толлакс“ на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари.
Покрај седумката, изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во „Сигма“, а другата во Скопје, во „Лубито“, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.
Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. 50-то коло ќе се забележи и со досега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!



