| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: Има опасност од обновување на интензивните борби во Украина

стол

Постои ризик од обновување на интензивните борби во источна Украина, каде што примирјето редовно се нарушува, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ТАСС.

Столтенберг денеска во Брисел зборуваше на отворањето на заседанието на комитетот НАТО-Украина на ниво на министри за одбрана.

-Русија и натаму ги поддржува сепаратистите доставувајќи им оружје и војници. Таа задржа значителни сили на својата граница со Украина – додаде тој.

Шефот на НАТО подвлече дека најдобар пат за решавање на конфликтот е почитувањето на спогодбите од Минск и на тоа ги повика сите страни во конфликтот забележувајќи ја особената одговорност на Русија.

На заседанието учествуваат министрите за одбрана на 28 земји-членки на Алијансата, како и нивниот украински колега Степан Полторак.

НАТО ќе продолжи да и дава поддршка на Украина за реформите во армијата и за зголемување на нејизните одбранбени способности,  вклучувајќи ја и заштитата од кибернетски напади, но и Киев треба да ја исполнува звојата улога во реформите, забележа Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top