| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнеж од експлозивна супстанција приземји патнички авион во Полска

rajner

На аеродром во близина на Варшава денеска принудно слета патнички авион поради сомнеж дека во леталото се наоѓа „експлозивна супстанција“, соопшти полската полиција.

– Станува збор за авион на „Рајанер“, кој летал од Осло кон Варшава. Тој слетал без проблеми и сите патници се евакуирани – изјави портпаролката на аеродромот „Модилин“, Магдалена Бојарска.

Таа истакна дека пилотот побарал дозвола за принудно слетување.

Портпарол на полицијата додаде дека авионот моментно го претресуваат стручњаци за деактивирање на експлозивни направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top