Американски воен авион се урна доцна синоќа во сојузната држава Аризона, а при падот удрил во гасовод и предизвикал пожар, соопштија американски официјални претставници.
Засега нема информации за евентуални жртви, како и за типот на авионот.
Спасувачки екипи веднаш пристигнале на местото на несреќата, која се случила на 13 километри северно од Даглас, во близина на границата со Мексико.
Портпарол на Федералната администрација за авијација изјави дека авионот летнал од воздухопловната база Дејвис-Маунтан, која е оддалечена 160 километри од местото на инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.