| четврток, 6 декември 2018 |

Преговорите со Грција продолжуваат денеска

грција

Состанокот на министрите за финансии од еврозоната за решавање на грчката должничка криза синоќа заврши без договор и се очекува да продолжи денеска.

Во официјалното соопштение на министрите од еврогрупата се наведува дека преговорите ќе бидат продолжени денеска.

Очекувањата од вчерашните преговори не беа исполнети, откако беше објавени дека остануваат разлики меѓу Грција и нејзините кредитори за тоа какви реформи треба да усвои земјата во замена за финансиска помош.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави синоќа дека има малку надеж дека ќе биде постигнат договор со Грција на состанокот на еврозоната.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пред заминувањето за Брисел изјави дека некои кредитори не ги прифаќаат предлозите на Атина за деблокирање на исплатата на другата финансиска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top