| четврток, 6 декември 2018 |

Обама му ветил на Оланд дека веќе нема да шпионира

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека разговарал со претседателот на САД, Барак Обама за наводите за американското прислушување на француските лидери и оти Обама повторно цветил дека ќе престанат тактиките на шпионирање.

оланд

„Претседателот Обама недвосмислено ја повтори својата цврста посветеност да прекине праксата, која можеби се случувала во минатото и која се смета за неприфатлива меѓу сојузниците“, се посочува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.

Во телефонскиот разговор, Оланд и Обама разговарале за „принципите со кои треба да се уредат односите меѓу сојузниците во доменот на разузнавањето“.

Во соопштението се наведува и дека француски разузнавачи наскоро ќе отпатуваат за Вашингтон со цел да се зајакне соработката меѓу двете држави.

Викиликс вчера објави документи, според кои, американските безбедносни служби ги шпионирале Жак Ширак, Никола Саркози и актуелниот претседател Оланд во периодот од 2006 до 2012 година, така што ги прислушувале нивните телефонски разговори и ја пресретнувале нивната електронска комуникација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top