| четврток, 6 декември 2018 |

Дубровник под вода

Силно невреме проследено со дожд и грмотевици го зафати југот на Хрватска. Макарска, Сплит, Дубровник денеска беа поплавени. Во овој дел на Хрватска јавуваат за изобилни дождови, бура, „трамнонтана“ и температура од само 15 степени. Трогир околу 8 часа бил под вода, бидејќи големата количина на врнежи од дожд не можела да биде опфатена со сегашната атмосферска канализација, а во Сплит владеел хаос, јавуваат тамошните медиуми.

01__1__858399S0

Во Макарска за помалку од половина час паднале 34 литри дожд на метар квадратен. Невремето предизвикало проблеми во сообраќајот.

01__2__858396S0

Бура го зафатило и подрачјето на Дубровник. За само дваесет минути паднале 45 литри дожд. Поплавени се многу објекти. Пожарникарите добиле десетина повици за интервенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top