Министерството за надворешни работи ги објави 11-те мерки за меѓусебната доверба за кои денеска се договорија шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас.
А. Политички и ЕУ работи
1. Политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи по меѓународни, мултилатерални, регионални, хоризонтални, безбедносни и конзуларни прашања, како и за иницијативи за регионална соработка /План за годишни консултации.
2. Билатерален дијалог за ЕУ работи и зајакнување на билатералната соработка во рамките на ИПА2 програмите, имајќи ги предвид приоритетните области, како што е утврдено во стратегискиот документ и годишните програми. Соработка во прекуграничните програми, твининг и таекс.
3. Соработка на Националниот центар за јавна администрација во Атина со Агенцијата за администрација во Скопје.
Б. Образование и култура
4. Соработка помеѓу универзитетите, истражувачки центри и институти.
5. Размена на универзитетски стипендии.
6. Поттикнувачки мерки за културна соработка и размена.
В. Трговија и економска соработка
7. Зацврстување на економските, трговските и стопанските врски – Бизнис Форуми.
Г. Поврзаност
8. Подобрување на енергетската поврзаност/гасоводна линија.
9. Подобрување на железничката врска Битола-Лерин.
Е. Правда и внатрешни работи
10. Консултации меѓу претставници на надлежните министерства за внатрешни работи, гранична полиција и царинска администрација со цел размена на информации и зајакнување на борбата против организираниот криминал, корупцијата, тероризмот, нелегалната миграција и нарко-трафикот.
Д. Разнo
11. Соработка во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.