| четврток, 6 декември 2018 |

Колку саати плус неделно работат вработените мајки дома во семејството?

Дека вработените мајки имаат многу повеќе работа од другите покажува и истражувањето кое го спровело еден американски портал www.salary.com и открил дека тие во просек имаат дополнителни 59,4 часа работа во домаќинството и во семејството.

majka

Значи, покрај страндардните 40 часа во неделата кои најчесто се и 50 часа, мајките дома одработуваат уште 59,4 часа. Работата на мајката и сопругата подразбира бројни должности и обврски кои често се земаат здраво за готово. Иако се почесто во домаќинството помагаат и татковите, сепак, мајките имаат премногу одговорности.

Некои истражувања покажуваат дека жените во просек минуваат 18 часа во неделата завршувајќи ги вообичаените домашни работи.

Квалитетното време поминато со децата не влегува во оваа сатница од 59,4 часа, бидејќи родителството е 24 часа на ден.

Плаќање сметки, пазарување, резервации, носење работи на хемиско чистење најчесто паѓаат на плеќите на мајките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top