| четврток, 6 декември 2018 |

Космичко виножито

Вселенската рендгенска опсерваторија „Чандра“ на НАСА направи фасцинантна снимка на космичко виножито кое настанало како последица на светлосното ехо кое се случило по експлозија на супернова.

957772427558aaa6c5fe10816188306_v4_big

Светлосниот прстен, чие настанување е резултат на интензивен блесок на неутронска ѕвезда им дава на научниците ретка шанса да утврдат колку е оваа ѕвезда оддалечена од земјата.

Наутроснките ѕвезди настануваат за време на есплозија на супернова, кога масивните ѕвезди колабираат и се претвораат во голем облак од прашина.

Светлината и зрачењето на ѕвездите кое го емитуваат за време на ексползијата достигнува до Земјата, а нив ги прати светлината која се одбива од ѕвездената прашина по завршената експолозија. Таа во земјата доаѓа со доцнње од еден до три месеци.

Виножитото се појавило околу ѕвездениот систем Цирцинус Х1 за кој се смета дека е оддален 30.7000 светлосни години од Земјата.

– Овој ѕвезден систем со еден дел се однесува како наутронска ѕвезда, а со другот дел како црна дупка, што е многу ретка појава во универзумот – изјави Мајкл Бартон од Универзитетот во Сиднеј, Австралија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top