| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна река со бои на виножито во која живеат само бактерии

Веќе 5000 години на подрачјето на Рио Тинто (Црвената река) во Андалузија постојат активни рудници на злато, сребро, бакар и други благородни метали.

Како резултат на ваквото загадување со тешки метали и остатоци од киселини, водата во реката има необичен колорит.

Реката извира во планинскиот ланец Сиера Морена во Шпанија, течението и е долго околу 100 километри, а се влева во заливот Кадиз во Атланскиот Океан.

Поради високата киселост на водата, таа е опасна за луѓето, но тоа не значи дека во неа нема живот.

Напротив, во неа живеат анаеробни бактерии кои се хранат со сулфид и железо од камењата во речното корито.

Ова откритие е посебно интересно за астробиолозите, кои веруваат дека животните услови во Рио Тинто се слични на условите на Марс или на Јупитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top