Дваесет и пет девојки од кои 24 српски и една македонска државјанка биле откриени при акциската контрола што во периодот од 23 часот до четири по полноќ утрово полицијата ја спроведе во два угостителски објекти во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-Сараќино сопственост на тетовецот М.А.(33) биле затекнати 10 девојки, девет српски и една државјанка на Македонија. Слична контрола била спроведена и во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, сопственост на 25-годишниот А.А. од Боговиње од каде биле приведени 15 државјанки на Република Србија.
-Девојките на возраст од 21 до 45 години биле ангажирани како танчерки и поради сомение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја заедно со сопствениците на објектите биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово по што биле предадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – изјави Јосифовски.
Тој информираше дека и во гостиварско била спроведена ваква акциска контрола, но во двата контролирани објекти „Експорт-импорт“ во Чегране и „Били 97“ во Добридол не биле затекнати странски државјанки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Приведени 29 албански државјани кои непријавено работеле во Тетовско
-
Приведени странски државјанки во угостителски објекти
-
МВР го затвори кругот: Приведен и последниот осомничен за настаните од 5 април во Мала Речица
-
Решенијата за приведените ќе бидат објавени денеска: За пратениците се чека одлука дали ќе им биде одземен имунитетот