Сакаме вашата земја да ја видиме да оди по европскиот пат уште побрзо. Правиме се што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. За името, како и за секој проблем, постои решение, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин и колега министерот Никола Попоски.
– Грчката надворешна политика верува дека оваа земја е благодет и е носител на стабилноста и безбедноста. Правиме се што можеме да помогнеме на вашиот пат кон ЕУ. Веруваме дека постоењето и стабилноста на оваа држава е дар на Балканот. Постои една разлика во однос на името, но за секој проблем постои и решение – рече Коѕијас.
Министерот Попоски истакна дека денеска не е постигнато решение за името, но постигнат е договор за повеќе мерки за градење доверба кои ќе придонесат за надминување на разликите во духот на европските вредности и согласно заедничките интереси.
– Денешниот заклучок е дека правиме нов чекор за заемен активен пристап и за поттикнување практична соработка. Најслабата алка изминатите неколку децении во нашите билатерални односи е секако довербата која очиглено била на недоволно високо ниво. Најсилна алка, пак, во нашите односи бил интересот и мотивот на нашите граѓани, бизниси и општества да се поврзуваат и да соработуваат. Со денешниот чекор цениме да ја зајакнеме најслабата алка преку најсилната. Едноставно имаме традиција на недоверба која заедно можеме да ја надминеме и сметаме дека соработката е најдобра мерка за градење доверба – рече Попоски.
За време на посетата, министерот Коѕијас треба да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата Никола Груевски, како и од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими.
Коѕијас во Скопје исто така ќе се сретне и со лидерите на поголемите политички партии, на СДСМ Зоран Заев, на ДПА Мендух Тачи, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни
-
Нова демократија бара владата да ја објави оставката на Коѕијас
-
Со офајдил ли некој и во Македонија од грчките тајни фондови?
-
Коѕијас со остри пораки од Луксембург: Скопје мора да го ратификува договорот за промена на името, инаку решение нема!