На автопатот Велес-Скопје синоќа околу 1 часот и 40 минути кај Дурутовец се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило со приколка, марка „сканиа“, со унгарски регистерски ознаки, од засега неутврдени причини излетало од коловозот и слетало во провалија 20-тина метри, информираат од СВР Велес.
Во сообраќајката животот го загуби возачот, унгарски државјанин.
– Екипи на СВР Велес и надлежен јавен обвинител се на лице место и се превземаат мерки за извлекување на возачот од возилото. По целосно завршување на увидот и по анализите, ќе бидат соопштени и причините поради што е дојдено до сообраќајната несреќа, истакна портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.