| четврток, 6 декември 2018 |

„Џимеил“ официјално воведе опција за откажување на пораката

„Џимеил“ (Gmail) воведе опција „undo send“ која им овозможува на корисниците да ја откажат по грешка пратената е-пошта во рок од 5, 10, 20 и 30 секунди.

Оваа опција ќе им помогне особено на тие што по грешка праќаат пораки кликајќи на опцијата „одговори на сите“ и слично. Најважно е да се нагласи дека оваа опција треба да ја активирате сами.

Откако ќе пратите е-пошра, ќе се појави жолта лента на врвот од екранот и со клик на неа ќе го откажете праќањето на пораката.

Оваа опција беше активна со години, но само за корисниците што се впишани во тест-програмата.

За жал, оваа опција функционира само од компјутер, за таблетите и за мобилните телефони треба да почекаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top