Годинава по вторпат во Кратово ќе се случува музичкиот хепенинг „Златни кратовски денови“.
-Првиот ден од манифестацијата ќе биде посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински, велат организаторите.
За таа цел, на Фејсбук фан страната, со наслов Златни Денови Кратово може јавно да се објавуваат и споделуваат моменти за афирмација на самата манифестација како и фотографии и песни, со што ќе се зголеми фактографската културна ризница за оваа македонска музичка легенда, Јонче Христовски.
Од 26-ти до 28-ми јуни посетителите ќе може да го проследат настапот на: Бајага и Инструктори, Ѕвездите од X–Фактор, предводени од нашите овогодинешни претставници, Боби Мојсовски и Даниел Темелков, овогодинешниот евровизиски претставник, Даниел Кајмаковски, Елена Ристевска, Куку Леле, Чалгија Саунд Систем, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Блага Петреска се само дел од ѕвездите кои дополнително ќе го збогатат овој убав музички хепенинг и допринесат за весела и позитивна атмосфера. Златни кратовски денови имаат забава и за најмладите кои сите три дена ќе се дружат со ѕвездичките од Златно Славејче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


