Македонија втора година по ред со свои претставници учествува на осмиот „Four River Film Festival“ кој од 23 јуни до 27 јуни се одржува во Карловац, Хрватска.
– На фестивалот за млади режисери и вљубеници во филмот ќе учествуваат и четворица тинејџери од Македонија – Анастасија Бошкоска, Лидија Јовановска, Софија Синадиновска и Кристијан Јанкулоски. Токму едноминутниот филм „Убиец на планетата“ на Лидија Јовановска ученичка во скопската гимназија „Георги Димитров“ ќе биде прикажан и е влезен во главната конкуренција на фестивалот во Карловац. Филмот на Лидија е навистина оригинален и поучен и преку кратки сцени и дијалози го претставува значењето на водата денес – водата како непроценлив извор на животот, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.
„Џифони Македонија“ во соработка со Агенцијата на филм ќе организира и вечер „Фокус на Македонија“ на која ќе бидат прикажани три краткометражни филмови, меѓу кои „Бардо“ на Марија Апчевска, „Материјал за аудиција“ во режија на Ѓорче Ставрески и „Човекот со чудна навика да ме мава со чадорот по глава“ на Вардан Тозија.
За време на фестивалот, тимот на „Џифони Македонија“ ќе одржи и две работилници – за едноминутни филмови и за фотоесеј.
– Ова е уште една можност за успешна промоција на македонската кинематографија, а истовремено е неповторлива можност за младите да научат нешто повеќе за филмот и да добијат значајно меѓународно искуство – информира Агенцијата за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура