| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ уште не е познат идентитетот на девојката од Градски парк

Сѐ уште не е познат идентитетот на девојката што вчера околу 13 часот во Градски парк во Скопје си го одзеде животот самозапалувајќи се.

Се претпоставува дека се работи за женско лице на возраст од околу 25-30 години.

Смртта била констатирана од  екипа од Итната медицинска помош, а увид на местото изврши увидна екипа на СВР Скопје.

Скопската полиција презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото женско лице и расчистување на настанот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top