„Хамбургерот“ oд 250 денари, поточно плескавицата во две парчиња леб, кој пред неколку дена беше послужен во хрватскиот Национален парк Плитвички езера, е хит низ целиот регион. Oваа понуда на менито, покрај на сите интернет медиуми на Балканот, стигна и до вестите на „Си-Ен-Ен“, а реакција имаше и директорот на Националниот парк, кој вети санкции за одговорните.
„Плитвичкиот хамбургер“ поттикна и многу незадоволни туристи од Хрватска да ги споделуваат своите искуства.
Хрватите редовно се жалат и од цените на нивното приморје, каде кафанџиите годинава наплаќаат и до 200 денари за мало шише вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.