| четврток, 6 декември 2018 |

Бертомеу вети летна бомба во Барса, во игра се Ди Марија, Иско, Коке, Парехо….

Актуелниот претседател на европскиот првак Барселона, Хосеп Марија Бертомеу, вети предизборна летна бомба во каталонскиот клуб, а шпанскиот медиуми истакнаа четири имиња што се во конкуренција да ги засилат Каталонците.

Бертомеу е во предизборна кампања за нов мандат на чело на клубот која ја освои тројната круна, а можно е дури и двајца од четримината наведени фудбалери да бидат првите летниз асилувања за Барселона.

Иско, кој е член на Реал Мадрид беше незадоволен со статусот во кралскиот клуб, а познато е дека на некој начин ја симпатизира Барселона од дестките денови, но тој трансфер е тешко остварлив. Играчот од средниот ред најави дека ќе продолжи да игра за Реал Мадрид, ша таа опција има минимални шанси.

Од Атлетико Мадрид најавуваат дека Коке не е за продажба, па веројатно најголеми се шансите во Барселона да пристигнат парехо од Валенсија и Ди Марија од Манчестер јунајтед.

Barselona-slavlje

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top