| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштво на српски турист: Автобусот дивеeше по патиштата низ Македонија

patista-1-564x272Благодарение на присебноста на патниците од агенцијата Барчино што се враќале од Солун пред седум и пол месеци била избегната трагедија како таа што се случи пред неколку дена во Белград, пишува српски „Блиц“.

Според сведоштвата во сторијата, возачот и тогаш дремел над воланот, а патниците го присилиле да застане и да направи непланирана пауза.

– Не ни претпоставувавме што нè чека до Солун и назад. Да знаевме се сомневам дека кој било нас ќе уплатеше аранжман и ќе тргнеше на пат за Грција. Само благодарение на будноста на патниците беше избегнато тоа што се случи со туристите од Полихроно – вели за „Блиц“ Рада Милиновиќ.

Поради инцидентот патничката напишала и поплака до агенцијата, но до денес не добила никаков одговор.

-Доцневме од почеток. Патниците негодуваа, а возачот, веројатно, за да стигнеме навреме почна да вози побрзо од дозволеното. Го предупредувавме да забави -раскажува таа.

На граничниот премин Србија-Македонија, исто така, се чекало подолго од предвиденото, па возачите за да надоместат почнале да дивеат по патот низ Македонија.

– Во Македонија на патот каде што ограничувањето е 50, па и 20 км/ч, возачот не намалуваше под 70 додека не налета на некоја дупка од чијшто удар се разбуди цел автобус. Ни тогаш не забави, па го повикав водачот на патот Иво и го замолив да му каже да забави, по што и го направи тоа. Автобусот беше во многу лоша состојба, чкрипеше по цел пат, а во Солун стигнавме многу доцна, во 11 часот – вели патничката.

На враќање се соочиле со слична ситуација.

– Повторно дивеење низ Македонија. Пред зора, патниците забележале дека возачот забавува и дека тешко одржува концентрација. Дремеше. Повторно го алармиравме водачот на патувањето и баравме да направи нова пауза. Едвај се согласи со изговор „близу сме до Белград“. Нам не ни се гинеше, па инсистиравме да застане, па конечно го направи тоа во близина на Мал Пожаревац. Тука малку се освести па успеавме да стигнеме во Белград живи и здрави – раскажува соговорничката на „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top