| четврток, 6 декември 2018 |

Валс: Има уште многу работа пред да се постигне спогодба за грчката криза

MANUEL VALLS ANNONCE LA FIN DE L'AIDE AU RETOUR DES ROMS
Францускиот премиер Мануел Валс изјави денеска во Франкфурт дека има уште многу работа да се заврши за да биде постигната спогодба меѓу Атина и нејзините кредитори, со која треба да се избегне банкротот на Грција.Валс додаде дека на средбата денеска со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги биле разгледани условите за заживувањето на Европа и еврозоната, како и ситуацијата во Франција.

Министрите за финансии од еврозоната ќе се состанат повторно утревечер во Брисел во напорите за постигнување на детална спогодба за буџетскиот план и реформите во Грција, неопходни за отпуштање на замрзнатите од минатото лето 7,2 милијарди евра од втората програма на Европската комисија, ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top