Американски маринци ќе соработуваат со косовските безбедносни сили, и покраj тоа што Косово нема море, изјави денеска секретарот на американската морнарица, Реј Мабус.
Мабус, кој престојува во посета на Косово, истакна дека американските маринци, иако Косово нема море, „сепак ќе соработуваат со Безбедносните сили на Косово преку семинари и разни вежби“.
– Нашата војска ќе соработува со БСК. Нашите маринци се одлични војници- наведува секретарот на американската морнарица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



