| четврток, 6 декември 2018 |

На Ривалдо му здосади пензијата и пак ќе игра фудбал

Познатиот бразилски ас Ривалдо најави фудбалски кам-бек само 15 месеци откако ја заврши кариерата. Сегашниот директор на второлигашот Моги Мирим не може без бубамарата и одново ќе се активира. Секако тој ќе остане на една од челните функции во клубот, но и ќе помогне како фудбалер на ограничен број на натпревари.

„По доста размислување одлучив да и се приклучам на екипата. Ако издржи коленото ќе одиграм неколку натпревари“, изјави Ривалдо.

Тој го освои престижното признание „Балон Д`Ор“ како најдобар фудбалер на планетата во 1999 година.

Rivaldo of Brazil in action

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top