Девојка на возраст од 25 до 30 години, денеска околу 13 часот се самозапалила во Градски парк во Скопје. По добиената пријава, полицијата го пронајде телото покрај едно од дрвјата во паркот, во близина на ресторанот „Балканика“.
Брзата помош на самото место констатирала смрт. Во моментот увид вршат Јавен обвинител и екипи на полицијата.
Сè уште не се познати мотивите за овој чин, ниту, пак, идентитетот на девојката.
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.