| четврток, 6 декември 2018 |

Светската банка ќе му додели 500 милиони долари на Непал за обнова по земјотресите

­ Светската банка соопшти денеска дека ќе помогне со околу половина милијарда долари за обнова на Непал по двата катастрофални земјотреса, во кои загинаа околу 9.000 лица и беа нанесени огромни материјални штети.

Двесте милиони од таа сума можат да се искористат за обнова на разурнати домови и куќи во руралните региони на земјата, а сто милиони ќе ги добие непалската Влада.

Според властите во Непал обновата по најголемата природна катастрофа, ќе чини околу 6,6 милијарди долари во наредните пет години.

Владата ги повика меѓународните донатори да учествуваат на конференцијата оваа недела со цел да се помогне на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top