| четврток, 6 декември 2018 |

Нова рунда меѓу Белград и Приштина

belgradpristinaВо Брисел денеска почна нова рунда од политичкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, за која политичарите и медиумите проценуваат дека е од исклучителна важност, јави Танјуг.

Четири теми се на дневен ред на разговорите под покровителство на високиот претставник на ЕУ Федерика Могерини, а за Белград е најважно прашањето за формирање заеднички српски општини.

Покрај тоа, премиерот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе разговараат и за енергетиката, телекомуникациите и „Паркот на мирот“ на мостот во Косовска Митровица.

Од напредокот во дијалогот зависи отворањето на првите преговарачки поглавја во процесот на пристапување на Србија во ЕУ, а на инсистирање на Германија, првото од тие треба да биде 35-то поглавје, кое се однесува на процесот на нормализирање на односите Белград-Приштина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top