Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас утре ќе допатува во Република Македонија.
Тој во Скопје ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а потоа, според грчкото МНР, ќе разговара со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. На агендата е и прием кај премиерот Никола Груевски и кај претседател Ѓорге Иванов, со кого ќе има и работен ручек.
Мерките за градење доверба, засилување на економската соработка, како и билатералните прашања, вклучувајќи го и прашањето за името ќе бидат на агендата на разговорите на Коѕиас.
Македонија е првата станица од балканската мини-турнеја на грчкиот шеф на дипломатијата со цел, како што тврди официјална Атина, зацврстување на врските и соработката на Грција со балканските држави и одржување на регионалната стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕиас: Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија
-
Заканувачко писмо до грчкиот министер Коѕиас: За твоето семејство се подготвени три куршуми
-
Заев спрема терен за промена на името, Коѕиас во август во Скопје