Пејачката неодамна призна дека е бисексуална и дека е во врска со девојка, а родителите ја поддржуваат во намерата да стане машко. Дваесет и двегодишната пејачка реши да го промени полот и да стане Мило Сајрус, пишуваат американските медиуми.
– Слушам дека наскоро ќе станам татко на уште еден син. Само сакам да мојата ќерка биде среќа со тоа што е – изјавил во интервју Били Реј Сајрус, кој ги потврди гласините дека таа сака да стане тој, односно да го промени полот.
– Не можам да говорам за деталите, но Мајли реши затоа што многу е контроверзна. Како семејство ние се подготвени на сите последици – изјавил Били.
Пејачката, која кариерата ја започна како актерка во Дизниевата серија „Хана Монтана“, во последните две години не престанува да ја шокира јавноста со своето однесување, но се чини дека промената на полот е нешто за што сериозно размислува. Наводно со операцијата ќе почне на крајот на јули.
Таа неодамна призна дека е бисексуалка.
– На мајка ми ѝ беше тешко да го прифати фактот дека ме привлекуваат жени еднакво како и мажи. Мислеше дека луѓето ќе ме осудуваат и дека ќе минам низ пекол. Но на крајот ме прифати -изјави Мајли која од не така одамна е во врска со манекенката Стела Максвел (24).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.