| четврток, 6 декември 2018 |

Aпсења во Италија поради местење натпревари

italija fudbalИталијанската полиција соопшти дека уапси седум лица осомничени за местење натпревари во Серија Б.

– Уапсените се обвинети за измама во спортски натпревари со цел местење резултати во Серија Б во што е вмешан и клубот Катанија – соопшти полиција од Катанија не наведувајќи конкретно за кои натпревари се работи.

Катанија минатата сезона заврши на 15. место со само три бода повеќе над зоната на испаѓање. Претходно, во сезоната 2013/14 тимот од Сицилија испадна од најквалитетната италијанска фудбалска лига – Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top