| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден награден од Здружението на новинари на Казахстан

snowdenЗдружението на новинари на Казахстан денеска ги соопшти носителите на нивните наградите за 2015 година, а лауреат во категоријата „Новинско истражување“ е поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден. Сноуден е награден за „откривање на тајните податоци за целосно следење на информациските комуникации во цел свет од страна на тајните служби“, се вели во информацијата на новинарското здружение.

Едвард Сноуден, поранешен службеник на ЦИА и на американската Агенција за национална безбедност, е обвинет од Вашингтон за шпионажа и кражба на државна сопственост. Во јули 2013 година Стефан Свалфорс од шведската Кралска академија на науките бегалецот го предложи за нобелова награда за мир. Во август истата година „Дојче веле“ соопшти дека Сноуден ја доби наградата „Свиркач“ (Whistleblower-Preis), воведена во 1999 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top