| четврток, 6 декември 2018 |

Еврогрупата утре ќе одржи итен состанок за Грција

На синоќешниот самит на лидерите од еврозоната во Брисел било објавено дека Еврогрупата утре ќе одржи вонреден состанок посветен на Грција.

Претходно, еврогрупата соопшти дека ги поздравува новите предлози што ги поднесе грчката влада, истакнувајќи дека тоа претставува позитивен чекор во преговорите.

„Еврогрупата побара од институциите (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) да го анализираат новиот предлог и заедно со грчките власти да изработат листа на приоритетни дејства, со цел до крајот на неделава да се постигне конечен договор за планот за реформи“, се вели во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top