| четврток, 6 декември 2018 |

„Волмарт“ и „Сирс“ нема да продаваат артикли со знамето на конфедерацијата

confederate flagАмериканската компанија за трговија на мало „Волмарт“, која има најголема мрежа на супермаркети во светот, соопшти дека ќе престане да продава артикли на кои има знаме на конфедерацијата.

– Никогаш не сме сакале некого да навредиме со артиклите што ги нудиме. Преземаме мерки за повлекување на сите производи, на кои го има знамето на конфедерацијата, и од маркетите и од нашата интернет-страница, изјави портпаролот на „Волмарт“ Брајан Ник.

A Wal-Mart Stores Inc. Location Ahead Of Earnings FiguresИста одлука донела и компанијата „Сирс“, додавајќи дека не продава такви знамиња, но одлучила да ги повлече артиклите со знаме на Конфедерацијата од нејзините интернет-продавници.

Знамето на Конфедерацијта поврзано со Граѓанска војна и робовладетелскиот Југ за многу Американци е симбол на расизам. Гувернерката на Јужна Каролина, Ники Хејли, по масакрот во Чарлстон, предложи да биде отстрането знамето на конфедерацијата од Парламентот на Јужна Каролина.

Дилан Руф (21) обвинет за убиството на девет Афроамериканци во црква во Чарлстон, објавил фотографии со знаме на конфедерацијата, како и фотографии на кои го пали националното знаме на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top