Луѓе блиски до германскиот канцелар велат дека Ангела Меркел е подготвена да го прифати излегувањето на Грција од Еврозоната, пишува лондонски „Фајненшел тајмс“.
Во Берлин и во други престолнини во цела Европа, политичарите почнаа да прават планови за понеделник. Можеби и за целата следна недела, месец или година. Првиот чекор е подготвка за играта на размена на обвиненија, ако грчката влада реши да сопре со плаќањата кон кредиторите. Вториот чекор е прашањето: што ќе дојде по тоа? Излегувањето од еврозоната или можеби и од ЕУ? Премин од нестабилна држава во пропадната држава? Или пак ќе биде тоа влез на претседателот Владимир Путин на Балканот?
Во тој вртлог слушнав дузина основни причниии зошто германскиот канцелар Ангела Меркел и останатите лидери од еврозоната – да ги спомнам само Мадрид, Лисабон и Даблин, кои доста добро ја исцртуваат силната линија кон Атина – треба да предизвикаат Грција да ги отвори картите. Не од некакво чувсвтво на самозадоволство, ниту во духот на наметнување или директиви, затоа што преговорите не доведоа до подобра алтернатива.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас зборуваше само за убави нешта по својата изборна победа во јануари. На Грција и требаше кратење на долгот и раководената влада од партијата Сириза вети дека ќе се справи со клиентелизмот кој ја труе политиката и економијата во земјата. Објективен набљудувач би забележал добра зделка: радикално реформирање на државните институции, зауздување на олигарсите и удар врз картелите и затворените бизниси, од кои грчкиот народ најмногу осиромашува. Беше ветена и непрекинат напад врз корупцијата во замена за ветувањето за отпишување на долговите.
Добрите намери отидоа во ветер. Ветувањата на Сириза не довдедоа до никаде. Кликите, картелите и олигарсите си уживаат како и претходно. А во преговорите со кредиторите од еврозоната, Атина покажува отровна смеса од арогантност, аматерство и бесрамно користољубие.
Оставете ги настрана зајадливите аргументи кои ги користат преговарачите од техничкиот дел на преговорите за точниот однос на грчкиот првичен вишок или за кратењата, кои се неопходни за создавање на одржлив пензиски систем. Во разговорите со другите лидери, Ципрас се држи фундаменталистички. Тој сака скратување на долгот, доволно за да ја ослободи Грција од големите задолжувања според бараната програма од кредиторите. И сака да излезе од програмата, затоа што Сириза не ги признава принципите на слободниот пазар.
Тогаш не треба да изненадува што шетањето по ходниците во Берлин деновиве предизвикува се посилно чувство на обесхрабрување. Од канцеларството до министерството за фииансии и надворешни работи, пораката е дека судбната на Грција е во рацете на нејзината сопствена влада. И како најсилни доаѓаат како гласовите од владата на Христијандемократскиот сојуз на Меркел, така и од коалициските партнери од Германската социјалдемократска партија, кои исто така заборавија на почетните симпати кон Сириза.
Луѓе од опкружувањето на Меркел велат дека таа е целосно подготвена да види како Атина излегува од еврозоната. Природно, по тоа прашање има разидувања со министерството за финансии, чиј начелник Волфган Шојбле бара првичната задача на Германија е да обезбеди долгорочна иднина на еврзоната, преку почитување на правилата. Но, Меркел гледа на поопштата перпектива. Од друга страна, канцеларката внимава да не избувне внатрепартиски метеж ако силно се оддалечи од линијата на министерот за финансии. Иако понекогаш се заборава, Меркел е лидер со големо искуство на самоодржување. Со оглед на тоа што изгледа дека Сириза е решена да оди се додека не падне од работ на скалите, и партнерите на Грција се уверени дека еврзоната ќе го идржи шокот на нејзиното излегување, Меркел поинстинктивно од било кој друг лидер ја чувствува потребата да не биде изоставена таа страна.
Многу од причните се надвор од економијата кои можат да и го намалат нејзиното влијание. Евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе ја зголеми несигурноста во најлесно запалливиот регион на континентот. Путин, кој веќе предизвикува нестабилност и активно подрива на Балканот, ќе го искорсти овој момент. Позиицијата на Европа против рускиот реваншизам може да биде многу ослабена. Ќе биде потешко да се одржува контрола врз миграцијата преку Средоземното море, а обидите за помирување на Кипар ќе влезат во ќорсокак. Сето тоа е поважно и од ефектот врз довербата на пазарите на долг рок на еврозоната.
Но, според мое мислење, она што не и дава на Меркел мирно да спие е многу помалку осетно и несразмерно посилно од секоја таква тврдоглава пресметливост. Поверојатно е таа да се растргната меѓу сопственото убедување дека е важно да се запазат правилата – кршењето на правилата од страна ан Путин ја објаснува нејзиината жестока реакција против руското мешање во Источна Украина – и нејзиното изострено чувство за европската мисија на Германија.
Меркел гледа на себе како чувар на европското единство, осибено откако француската влада на Франсоа Оланд се повлече од лидерската улога која на времето ја создаде метафората за француско-германскиот мотор. Ако Грција се повлече, тогаш тоа ќе биде историски пораз, признавање на кревкоста на европските принципи, и сигнал за светот дека процесот на дезинтеграција може да продолжи.
Тоа не е од големо значење за еврскептичните анлгосаксонци. Новата повторно обединета Германија всушност е заснована на идејата нејзината иднина да биде потесно поврзана со секого преку европското единство. Тоа, како им се напоменува на посетителите на Берлин, е големото наследство на Хелмут Кол. Мој италијански пријател пред некој ден ме потсети дека Европа може да гледа на Грција на начин на кој мнозина во Италија долго време гледале на регионот Мецоџорно – безнадежен, безобразно скап, по кој на крајот и ја заслужил цената. Убеден сум дека Меркел нема да стигне толку далеку, но и дека нема лесно да ја пушти Грција. Но токму тука е иронијата. Што и да се случи – излегување на Грција или нов пакет за спас – е сосема можно германскиот канцелар да се покаже како голем губитник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција