Хрватскиот напаѓач и доскорешен играч на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Јувентус.
Висината на трансферот изнесува 19 милиони евра, сума која италијанскиот шампион на сметката на Атлетико ќе треба да ја уплати на три годишни рати заклучно со август 2017 година.
Хрватот се обврза следните четири години да биде дел од составот на актуелниот италијански шампион и европски вицепрвак.
Ова е трето заслилување за „Старата дама“ во летниот преоден рок. Претходно за Јувентус потпишаа Сами Кедира и Пауло Дибала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.