| четврток, 6 декември 2018 |

Јогуртот е неверојатно добар за вашата коса

Јогуртoт има природни антифунгални и антибактериски својства и помага во стимулирање на скалпот и растењето на косата. Исто така, може да помогне да се ослободите од првутот и чешањето, а затоа што содржи протеини, ја зајакнува и хидратира косата.

Пред да ја измиете со шампон, нанесете јогурт на вашата коса, втријте го во коренот и ставете по по целата должина на косата. Оставете го да отстои еден час, а нема да ви наштети ни ако го чувате подолго. Исплакнете ја косата со млака вода и потоа измијте се со шампон.

За протеински третман со маска од јогурт, измешајте малку јогурт и едно јајце. Белката од јајцето ја зајакнува косата, додека жолчката ја навлажнува и и дава сјај. Постапката е иста како и онаа со нанесувањето јогурт, но оваа маска не смее да се чува на косата повеќе од еден час, бидејќи прекумерната изложеност на протеини може да ја оштети косата. Исплакнете со млака вода и ставете шампон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top