НАТО ќе распореди тенкови и опрема за околу 5.000 луѓе по должината на своите североисточни граници, најави генералниот секретар Јенс Столтенберг во пресрет на министерската конференција во Брисел, јави Танјуг.
Тенковите и опремата ќе бидат распоредени во Полска и во балтичките земји, а Столтенберг ја нарече оваа мерка потег на увеување на источните членки дека НАТО е подготвен да ги брани.
– И дадовме на главната команда на НАТО налог да подготви план на распоредување и во рамки на командната структура да се формира нов логистички штаб да го спроведе – рече Столтенберг.
Тој нагласи дека со ова не се нарушува договорот на НАТО со Русија според кој НАТО се обврзува дека нема да основа постојани бази на исток бидејќи војниците нема да ги следат тенковите и опремата, која ќе биде конзервирана и активирана само ако се укаже потреба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток



