| четврток, 6 декември 2018 |

„Јутјуб“ го блокира пристапот до 12 видеоклипови во Турција

you

Веб-сајтот за видеоразмена „Јутјуб“ денеска по наредба на турски суд го блокира пристапот до 12 видеоклипови достапни во оваа земја, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Судот во Анкара утринава ја издаде наредбата за блокирање на пристапот до видеоклиповите, кои, тој смета, соддржат навреди за пророкот Мухамед.

Судот посочи дека доколку „Јутјуб“ не го спречи пристапот до посочените видеоклипови, ќе нареди да се запре целиот пристап до „Јутјуб“ во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top